1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЛЕ – ПРВ МЕЧ

ПЈУНИК (ЕРМ) – ШКУПИ (МКД)      3:3 (1:2)

Стадион во Ѓумри. Гледачи: 1.500. Судија: Барбено Лука (С. Марино).
Стрелци: Варданјан (п) 4., Жестоков 81., Манучарјан 86., (ПЈУ), Бајрами 26., 60., Илиески 43., (ШКУ).
Ж. Картони: Ламине, Исмаили (ШКУ).

ПЈУНИК: Драгојевиќ, Манучарјан, Мкртчјан, Симонјан (46. Манучарјан), Станков, Миранјан, Варданјан, Ефимов, Марку, Жестоков, Шефчук.

ШКУПИ: Тулио, Ѓорѓиевски, Бајрами, Адили, Серџио (83. Кривањева), Ламине (53. Јусуфи), Оумар (69. Велиу), Билали, Илиески, Исмаили, Јурина.

Ех, никако да падне тој Пјуник. Шкупи имаше златна шанса уште на првиот меч во Ерменија да го реши патникот во следината рунда, но сега ќе мора да се поправа во Скопје на реваншот. А имаа чаирчани и 3:1, имаа супер шанси за 4:1 но тогаш дојде казната и дојде на крај резултатот од 3:3, и на крај Шкупи се спасуваше од пораз. Инаку Пјуник во првиот меч од 1.квалификациско коло поведе од пенал во 4. минута, но нашиот тим направи пресврт и дојде до 3:1. Штета, навистина штета, Можеше тоа да биде блескав успех на момците на Умит Каран, но и вака не е толку лошо.

ПЈУНИК ОД ПЕНАЛ, БАЈРАМИ И ИЛИЕСКИ ЗА ПРЕСВРТ

Непријатно почна мечот за нашиот тим, имено уште во 4.минута Пјуник поведе и тоа со гол од пенал. Билали го фаулираше Варданјан а судијата од Сан Марино покажа на бечата точка. Сигурен изведувач беше токму Варданјан. Долго траеше шокот во редовите на нашиот тим, момците на тренерот Умит Каран, не можеа никако да се соземат. И така беше се до 26. минута кога капитенот Бајрами израмни од слободен удар од крајно лево. Тој ја уфрли топката пред голот, нејзи никој не ја допре и истата заврши во мрежата на Драгојевиќ за голема радост на сите во редовите на Шкупи. По тој гол и дефинитивно Шкупи се врати во игра, ерменците имаа погоклем посед на топката, имаа и неколку шутеви, но не можеа да го најдат патот до ново водство. Затоа нашиот тим во 43. минута, по центаршутот на Серџио, со прекрасниот гол на Илиески со шут со глава поведува со 2:1 за супер пресврт, за супер резултат по првите 45. минути.

ОУМАР, ЈУРИНА, ИЛИЕСКИ … СО ШАНСИ

Во првата фаза од вториот дел нашиот тим можеше многу лесно да дојде и до трет гол, но ударите на Оумар, Јурина и Илиески за малку беа непрецизни. На другата страна Пјуник преку Манучарјан можеше да израмни. Но и натаму се тие 1:2 за Шкупи а се играше 60.минута. И тогаш…

БАЈРАМИ ШУТИРА, ДРАГОЈЕВИЌ „КИКСИРА“, 3:1 ЗА НАС…

Е тогаш 3:1 за Шкупи. Се играше токму 60. минута кога Бајрами од слободен удар од колу 25 метри упати не така силен шут, но домашниот голман Драгојевиќ направи катастрофална грешка и топката отседна во неговата мрежа. Браво Шкупи. По тој гол како да се играше некако помирно, Шкупи целосно ги контролираше настаните на теренот а Пјуник никако не можеше да се најде себе си. Во 76.минута Велиу можеше да зголеми на 4:1, нашиот ти имаше супер ситуација, но немаше гол. Во следната минута и Серџио требаше да погоди, навистина штета.

ШТЕТА, ЕРМЕНЦИТЕ СТИГНАА ДО 3:3

И така е тоа кога не се користат шансите, казната стигна на другата страна. Се играше 81., минута кога Жестоков во гол ја претвори асистенцијата на Шевчук за 2:3. Но тоа не беше се од Пјуник. Се играше 86. минута кога Манучарјан израмни на 3:3.