Арсенал денеска официјално поврди дека Лорен Косчелни одбил да патува со тимот на претсезонската турнеја во САД. Клубот е “многу разочаран” од ставот на францускиот дефанзивец, чие име веќе се поврзува со заминување од „Емирати“.

„Ние сме многу разочарани. Ова е против нашите јасни инструкции, се надеваме дека ќе го решиме ова прашање и нема да треба да дадеме дополнителни коментари за овој случај“, истакнаа од тимот, кој првиот тест меч во САД го има на 16 јули против Колорадо .

Инаку, по оваа информација од Франција се разгореа вестите околу новиот клуб на дефанзивецот. 33-годишниот Косчелни во овие моменти е најблизу до трансфер во Рен или Бордо.