Тиквеш од утре ќе биде посилен за Антонио Илиески, стоперот кој доаѓа од Гостивар, а претходно има настапувано и за екипите на Македонија ЃП, Еуромилк.

Станува збор за млад дефанизвец, има само 22 години, а утре веднаш ќе му се стави на располагање на шефот на струката на кавадаречкиот второлигаш Љупчо Димитковски. Овој трансфер е уште еден доказ дека Тиквеш има намера и тоа како во следната сезона 2019/2020, во Втората лига – Исток, да игра видна улога и се разбира да бие битка за првото место и враќање во елитната лига на Македонија. Илиески е петтото ново име во Тиквеш, според нашите информации до стартот на сезоната на 24 август, ќе има уште.