Досегашниот член на Работнички, Кристијан Атанасовски е нов ракометар на Охрид. Со тоа охриѓани продолжуваат да ја засилуваат екипа за настапите во „Супер-лигата“.

Атанасовски игра на позицијата пикер. Во следните неколку денови ќе има уште имиња, со оглед дека охриѓани се во потрага по среден и десен бек.