Иако првично најави дека со завршувањето на оваа сезона ќе ја заврши и кариерата, сепак, десниот бек на Борусија Дортмунд Лукас Пишчек во најновата изјава како да се предомислува.

„Знаете, јас најавив дека ова ќе биде мојата последна сезона, но не знам… Можеби ќе играм уште. Тоа се зависи од моето тело. Во текот на мојата фудбалска кариера се грижев за него физички, но и психички. Затоа што е многу важно и психички да се подготвите“, изјави Пишчек кој иако има 34 години, рече дека се чувствува како да има 29 или 30 и дека во моментов е подготвен уште да игра.

„Има многу млади момци кои сакаат да се докажуваат. Нека почне оваа сезона, па ќе видиме, има време“, додаде Полјакот.