ИХФ конечно објави детали за новото издание на Супер Глоуб на кое по една година пауза се враќа Вардар, како европски првак. Втората вајлд-карта на неофицијалното светско клупско натпреварување му припадна на Кил, еден од противниците на македонскиот тим во групната фаза во Лигата на шампионите.

Според системот за натпреварување, Вардар ќе игра директно во четвртфиналето исто како и Барселона, Замалек, Таубате, Ал Духаил и Ал Вехда. Во осминафиналето кое е закажано за 27 август силите ќе ги одмерат  Кил, Сиднеј, Ал Мухдар и Њујорк.

Освојувачот на Супер Глоуб ќе добие парична награда од 400.000 долари, 250.000 се резервирани за второто место, додека 125.000 за третото место.

За првпат ова натпреварување ќе се одржи во Саудиска Арабија, откако претходно домаќин беше Катар.

Сите учесници на Супер Глоуб:

Ал Вехда (Саудиска Арабија – домаќин)

Барселона (Шпанија – бранител на титулата)

Вардар (Македонија – шампион на Европа)

Ал Духаил (Катар – шампион на Азија)

Замалек (Египет – шампион на Африка)

Таубате (Бразил – шампион на Јужна и на Средна Америка)

Њујорк (САД – шампион на Северна Америка и на Карибите)

Сиднеј Универзитет (Австралија – шампион на Океанија)

Ал Мудхар (Саудиска Арабија – вајлд-карта)

Кил (Германија – вајлд-карта)