По првиот дел на средбата во Ереван, Македонија ЃП има негатива од 1:0 против Алашкерт. При една загубена топка на средината на теренот, Алашкерт успеа преку Танков да дојде до предност во 16. минута со удар од 22-23 метри.

Ѓорчепетровци имаа една супер шанса, зицер“, но не го реализираа, и Ерменците имаат водство. Главно нивната игра се базира на противнапади, додека Македонија трпеливо ја чека својата шанса да израмни.