Интер, конечно, се согласи да ги плати бараните 45 милиони евра и да го затвори трансферот на младиот играч за врска на екипата на Каљари, Николо Барела. Според информациите од Италија, трансферот е договорен, двете страни си подале рака, а фудбалерот е веќе во Милано каде вечерва треба да ги мине и лекарските прегледи.

Најголемите медиски куќи во Италија објавија дека трансферот ќе биде комплетен, но има и такви кои навестуваат дека сепак Барела една сезона во Милано ќе помине како позајмен играч, па потоа 22-годишниот креативец ќе потпише договор за трансфер во Интер со вредност од 45 милиони евра плус бонуси. „Газета дело спорт“, излезе со информација дека Интер за заемот ќе плати дури 10 милиони евра, со опција да го купи за уште 35 милиони следниот јуни. 

Барела треба да потпише четиригодишен договор со Интер вреден 2,5 милиони евра.