Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, има за цел да ги достигне најмалку 20 гола следната сезона. Во минатата сезона, фудбалерот стана ударна игра во тимот на „Црвените Ѓаволи“, но ја заврши сезоната со само 13 гола на сите натпревари.

„100 проценти, ја поставив целта, и сега сум подобро подготвен да ја оставрам. Секогаш е тешко, но добро е да се има цел пред сезоната, тоа те мотивира уште повеќе“, вели Маркус.

Манчестер Ј. се уште не знае како ќе изгледа напаѓачкиот ред за следната сезона. За среќа, Рашфорд го продолжи договорот, но засега е неизвесна судбината на Ромелу Лукаку, но и ситуацијата со уште една голема ѕвезда во тимот, Пол Погба.