Рома на официјалната страница го претстави новиот дрес за новата сезона и мораме да признаеме изгледа уникатно и сосема поинакво од претходните дресови на клубот нив минатото. Се работи за резервниот, бел дрес на кој се исцртани црвен и жолт гром, а инспирацијата за овој дизајн е од римската митологијата поточно го претставува Јупитер, римскиот Бог на небото и светот, кралот на грмотевиците.

Изгледа импресивно, што мислите вие…