Македонската кадетска репрезентација стартуваше со подготовките за настапот на Светското првенство, кое ќе се одржи во Скопје од 6. до 18. август.

Селекторот Данило Брестовац и неговите избраници првите седум дена ќе тренираат во Струга, град кој се покажа како одличен домаќин, на посебен начин им посака добредојде на репрезентативците.

По завршување на првиот дел, нашата експедиција која брои 23 играчи ќе се врати во Скопје каде ќе продолжи да се подготвува за мундијалскиот предизвик. Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија се противниците на Македонија во групната фаза. Првиот меч кадетите го играат на 6. август против Аргентина во 20:30 часот.