Поранешната светска тенисерка бр. 1, Серена Вилијамс, се пласираше во финалето на Вимблдон, откако денеска во вториот полуфинален меч славеше над чешката тенисерка Барбора Стрицова со 6:1 и 6:2.

За само час игра, Американката успеа да го обезбеди своето 11. финале на неофицијалното светско тениско првенство.

Ривал на Серена во финалниот натпревар ќе и биде Романката Симона Халеп, која денеска во првиот полуфинален меч ја совлада Украинката Елина Свитолина, со 6:1, 6:3.