22:06 – По заминувањето од Њукасл, Сенегалецот Мохамед Диаме е нов фудбалер на Ал Ахли. Диаме во Ал Ахли доаѓа како слободен фудбалер.

21:37 – Руски Краснодар е пред постигнување договор со искусниот шведски голгетер, Маркус Берг. 32-годишниот голгетер може да потпише договор со Краснодар во вредност од 1,9 милиони евра.

20:54 – Според пишувањата на шпанските медиуми, Арсенал понудил 48 милиони евра за потписот на Дани Себаљос. Ако информацијата е точна, тогаш „топчиите“ се во пол-позиција за потписот на младиот репрезентативец на Шпанија.

20:20 –  Џозеф Аиду стана нов играч на Селта Виго. Дефанзивецот од Гана има 23 години, а пристигнува во Виго од белгискиот Генк и потпиша договор за следните пет сезони. Сумата на трансферот е 8 милиони евра.


20:16 – Николo Барела е нов фудбалер на Интер! Договорот е постигнат. Барела вечерва ќе ги мине лекарските прегледи и ќе стави потпис на договорот со „нероаѕурите“. Комплетната вест ја имате ОВДЕ.

20:00 – КОНЕЧНО! Барселона ја активира клаузулата од договорот на Антоан Гризман. Комплетната информација ја имате ТУКА.

19:54 – Ништо од трансферот на Адемол Лукман во екипата на РБ Лајпциг. Понудата од 15 милиони евра која ја испратиле Германците до англискиот премиерлигаш веднаш е отфрлена.

19:46 – Голамнот на Карпи, Симоне Коломби е нов играч на Парма. 28-годишниот голман потпиша 3-годишен договор со „млекарите“.


19:18 – Барселона денеска потпиша договор со 16-годишниот англиски фудбалски талент, Луи Бери. ВБА ќе добие компензација за младиот фудбалер во висина од 235.000 фунти.


18:56 – Уругваерцот Гастон Рамирез ќе се пресели во Спартак Москва. Актуелниот клуб на 28-годишниот фудбалер Сампдорија и рускиот состав веќе се во напредна фаза на преговори.

18:48Манчестер Ј. побара од Фиорентина да ја намали бараната цена од 50 милиони евра за Никола Миленковиќ. 21-годишниот српски репрезентативец е на мета на „ѓаволите“, кои бараат од „виолетовите“ да се одреди коректна цена за трансферот на дефанзивецот.

18:45 – Заврши состанокот на преставниците на Манчестер Ј. и Интер за Белгиецот Ромелу Лукаку. Според неофицијалните инфорамации, засега, договор нема. Двата клуба имаа сосема различни ставови. Манчестер Ј. не попушта под 75 милиони за Лукаку, Интер бара сериозни попусти. Останува до крајот на оваа недела да има уште еден состанок.

18:38 – Она што беше најавено вчера, денеска потврдено. Бреша го донесе голманот на ФК Копенхаген, Јесе Јоронен со 3-годишен договор.


18:29Монако тргнува по потписот на Бразилецот Миранда. 34-годишниот дефанзивец на Интер ја чека понудата од Монако, а во истовреме интерес за него има и од екипата на Олимпик (М).

17:56 – Арсенал и Манчестер Ј. ја продолжуваат битката за Марио Лемина од Саутемптон. Се зборува дека неговиот сегашен клуб ќе бара 18 милиони фунти за негова слобода.

17:53Астон Вила е напат да купи уште еден фудбалер. Повратниците во англиската елита денеска испратиле понуда до турска Касимпаша за напаѓачот Трезеге во висина од 11 милиони евра.

17:48 – Џереми Тољан е нов фудбалер на италијански Сасуоло. Тој стигнува во Италија на едногодишна позајмица од Борусија (Д).


17:16 – Лоран Косчелни одбил да патува со Арсенал на турнејата во САД. Се подготвува трансфер во Франција. Комплетната информација ОВДЕ.

16:59ПСЖ го засилува интересот за „новиот Пирло“. Сандро Тонали од Бреша деновиве бил исконтактиран од луѓето на францускиот шампион. Засега нема информации за понуда.

16:02 – Откако им пропадна обидот со Дејан Ловрен, првите луѓе на Милан денеска се обратиле во Фиорентина во обид да добијат цена за аргентинскиот стопер Пецела. „Виолетовите“ би го продале Аргентинецот, но само за цена од 20 милиони евра.

14:17 – Каталонски „Мундо Депортиво“ информира дека Ливерпул е заинтересиран за Фелипе Кутињо иако е добро познато дека Јирген Клоп нема намера да го врати Бразилецот.

14:07 – Откако стана јасно дека за него нема место во Челзи, ниту во Јувентус, сега Гонзало Игуаин е многу блиску до договор со екипата на Вест Хем.

13:38 – Шведскиот фудбалер од средниот ред Емил Форсберг најверојатно нема да го продолжи договорот со Лајпциг. Според германските медиуми, тој влегол во конфликт со челниците на клубот околу новата соработка, со што е блиску да го напушти тимот. Има неколку понуди на негова адреса

12:00 – Откако му истече договорот со Милан, италијанскиот играч за врска Рикардо Монтоливо е слободен играч, но единствен кој испратил понуда за него е второлигашот Кремонезе.

11:45 – Арсенал не се откажува од Вилфред Заха. Спремен е да понуди 45.000.000 евра плус да додаде тројца играчи: Денкинсон, Елнени и Чемберс. Кристал Палас одредил цена од 85.000.000 евра за крилниот фудбалер.

11:27 – Астон Вила потроши 88.000.000 евра до досегашниот дел од преодниот рок но не застанува. Денеска го комплетираше трансферот на дефанзивецот Езри Консa од Брентфорд вреден 14.000.000 евра.

11:25 – Сами Кедира е вишок во Јувентус. Иако се чинеше дека е најблиску до американската МЛС, сепак, Германецот може да заврши во Турција. За него е заинтересиран Фенербахче.

11:00 – Диего Коста и Атлетко Мадрид се завршена работа. Евертон и Вулверхемптон се најблизу до неговите услуги. (ПОВЕЌЕ ОВДЕ)

10:40 – Милан е заинтересиран за Александар Трајковски од Палермо. Но јасно му е дека не е во поволна позиција во трката (ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ ЗОШТО) и ако не успее да го земе Македонецот тогаш ќе се обиде да го донесе Гастон Переиро од ПСВ. Холандскиот клуб за својот играч бара 15 милиони евра.

09:32 – А сега нешто поинакво. Ова се дресовите на Волфзбург и Баер Леверкузен за новата сезона.

09:30 – Тренерот на Шалке Давид Вагнер изјави дека крилото Јевген Конопљанка ќе го напушти клубот ова лето. Неговиот агент работи на трансфер, а Украинецот тренира одделно од тимот со цел да остане во форма.

09:30 – Малколм Баду, германскиот фудбалер со гански корени го комплетираше трансферот од Волфзбург во Спартак Москва вреден само 75.000 евра.

09:20 – Бешикташ го реализира првиот трансфер ова лето. За 2,4 милиони евра го купи американскиот репрезентативец Тајлер Бојд. Играчот ќе добива годишна плата од 1,1 милион евра. Инаку Американецот доаѓа од португалскиот тим Виторија Гимараеш.

09:10 – Поранешниот англиски селектор и тренер на бројни клубови во Англија, Сем Алардајс ја одби понудата на Њукасл. „Големиот Сем“ изјави дека нема шанси да се врати во поранешниот клуб каде немаше добри односи со работодавците: „Да беше првпат можеби ќе прифатев, вака… Ја ценам понудата меѓутоа им реков ’НЕ’“.

09:00 – Уругвајскиот напаѓач Фелипе Авенати ја напушти Болоња и потпиша договор со белгискиот Стандард од Лиеж. Трансферот изнесува околу 4.000.000 евра.

08:45 – 21-годишниот француски голман Лука Зидан, син на тренерот на Реал Зинедин, го комплетираше трансферот во второлигашот Расинг Сантандер. Се работи за едногодишна позајмца.

08:30 – Шпанскиот напаѓач Алваро Васкез од Еспањол прејде во второлигшот Спортинг Хихон како слободен играч.

СИТЕ ТРАНСФЕРИ ОД ВЧЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!