Академија Пандев и Зрински направија заедничка прес конференција по натпреварот кој заврши 0:3 за тимот од БИХ.

„Да упатам честитки до Зрински. Дефинитивно станува збор за добар противник, беше физички подоминтантен од нас. Погрешивме во некои мои одлуки за изборот на играчи, лично одговорам јас за овој резултат. Но јас верувам дека овој тим може повеќе. Неискуството си го стори твоето. Го изгубивме мечот по тој примен прв гол и во средината на теренот. Лошо издание на Академија Пандев, не може да повториме ваков натпревар на реваншот. Нашиот стил не беше вистинскиот, неискуството и нашата физичка подотовка не беше на нивото. Вината цела паѓа на мене, но искрени да бидеме во овој момент Зрински е далеку поквалитетен“, рече Тренчовски.

Тренерот на гостите Хари Вукас истакна дека ова е добар резултат против добра екипа.

„Да им честитам на моите момци на добрата игра и добриот резултат. Ова е голем плус за нас, со оглед на тоа што не чека после, почеток на првенство и густ распоред. Игравме против против добра и квалитетна екипа која направи многу проблеми. Прв дел ги контролиравме работите, и ги искористивме шансите. Да не беше тоа, мечот можеби ќе заминеше во друг правец. Среќа што момците беа концентрирани, кога ќе го сумираме целиот натпревар, мислам дека заслужено победивме“.