Симона Халеп без проблем се пласираше во финалето на Вимблдон. Романката брзо ја реши Елина Свитолина совладувајќи ја со 2-0 во сетови (6-1, 6-3).

Халеп ги освои првите два гејма, по што загуби на нејзин сервис (2-1), но брзо се врати во мечот и поведе со 1-0 во сетови. Свитолина го отвори вториот сет, поведе со 1-0, 2-1 и 3-2, по што следеше целосен пресврт. Романската тенисерка не дозволи изненадување ги доби следните четири гејма за 6-3.

Во финалето ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Серена Вилијамс и Барбара Стрицова.