Селтик како клуб за нас, посебно за Шкендија, е интересен поради фактот дека шкотскиот гигант најверојатно во 2.квалификациско коло во ЛШ ќе се сретне со тетовци. Сепак Селтик го чека реваншот со Сараево, а завчера на првиот меч во главниот град на БиХ се случи несекојдневна случка.

Фановите на Селтик во центарот на градот се сретнале со претседателот на Албанија Илир Мета, кој побарал да направи селфи со нив, им кажал дека е голем љубител на фудбалот, но и на Селтик. Овој потег на Мета наишол на воодушевување кај фановите на клубот од Глазгов.

Инаку Мета во Сараево учествувал на Процесот на соработка на југоисточна Европа. Селтик во Скопје веројатно ќе гостува на 30/31 јули, можеби Мета ќе дојде во нашиот главен град со цел одново да се слика со фановите на Селтик.