Како што информиравме уште вчера, денеска во просториите на шпанската Ла Лига се појави адвокатот на францускиот репрезентативец Антоан Гризман кој треба да ја активира откупната клаузула од Атлетико (М) во висина од 120 милиони евра. Со него нема преставници на Барселона, но информациите од шпанските новинари велат дека за неколку часа информацијата ќе биде и официјално потврдена, по што веднаш штом двата клуба соопштат дека уплатата е направена, Гризман ќе почне со формалностите околу потпишувањето на договорот со каталонскиот гигант.