Очајна глума и симулирање покажа фудбалерот на алжирската фудбалска репрезентација, Рами Бансебаини, на вчерашниот меч од четврфиналето на Купот на африканските нациита меѓу неговата репрезентација и селекцијата на Брегот на слоновата коска. Неговиот обид да изнуди црвен картон од Заха беше уредно забележан од камерите, па овој момент од средбата веќе стана вирален хит.
Бансебаини ја зема раката на Заха и сам се плесна по лицете во обид да изнуди црвен картон од противничкиот фудбалер. Среќа што судијата од Етиопија не наседна на оваа „фора“.