Дејан Блажевски нема да го носи дресот на Брегалница идната сезона. Иако двете страни беа во интензивни преговори, сепак, некогашниот член на Вардар и Работнички нема да го облече дресот на штипскио ттим. Едноставно, двете страни на крајот не успеаја да се договорат за соработка.

Сега Блажевски се врти кон странство. Има неколку понуди од Малта и за враќање во Грција, меѓутоа и натаму не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Блажевски е слободен фудбалер откако се раздели со Работнички, каде настапуваше во изминатите шест месеци. Претходно беше дел од Тирана, а претходно четири години го носеше дресот на Вардар со кој играше во групната фаза од Лигата на Европа.