Викендов треба да се вози Формула 1 трката во Силверстон. Еден од камионите на Ферари кој пренесувал опрема, се соочил со проблем, откако полицијата пронајде двајца мигранти во приколката.

Проверката била извршена на пат кон Силверстоун, и двајцата мигранти успеале да се качат во Евро-тунелот кој ги поврзува Франција и Англија.

Полицијата веднаш ги привела мигрантите, а на камионот му било овозможено да го продолжи патот до крајната дестинација.

Ова не е прв пат да бидат најдени мигранти во камиони на Формула 1. Пред неколку години беа најдени мигранти во камион на Вилијамс, како и во камион на произведувачот на гуми „Пирели“.