Новиот македонски прволигаш, Борец од Велес, одигра нерешено 1:1 против бугарски Септември во контролен меч одигран денеска во Разлог, Банско.

Единствениот гол за велешани беше дело на Марко Ѓоргиевски во 52. минута на средбата, по асистенција на Жоглев, а на голот му претходеше одлична комбинација меѓу Петров и Богадановски.

Борец на овој меч настапи во состав: Мустафа (Миленков), Рицков (Стојановски), Ефтимов (Иваноновски), Стојковски (Стоименовски), Блажевски (Трајановски), Богдановски, Велев (Петров), Трајков (Николовски), Лазаревиќ (Коцев), Христов (Жоглев), Георгиев (Ѓоргиевски).