Антоан Гризман премина од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра! Но Атлетико се најде во клинч со Барселона бидејќи тврди дека треба да добие повеќе пари. Додека тие се караат околу зделката, Гризман е веќе член на Барселона, а откако каталонскиот клуб го објави трансферот, францускиот напаѓач со видео порака им се обрати на своите фанови и на навивачите на Барселона:

„Татко ми уште како дете ми велеше дека возовите не поминуваат само еднаш. А дојде време да го прифатам предизвикот и да одберам нова дестинација. Нашите патишта (со Барселона) се споија. Ќе го бранам дресот на Барса со посвета и со страст. Ова е наш момент, ова е наш пат“, изјави Гризман.