Холандскиот фудбалер наскоро се очекува да биде промовиран како ново засилување на Јувентус. Матијас де Лихт веќе се збогува со соиграчите од Ајакс, а реализацијата на трансферот ќе ја чека во Монте Карло од каде ќе отпатува за Торино.

Младиот фудбалер ги прецизираше сите детали со „Старата дама“, двата тима денеска конечно постигнаа договор, холандскиот тим ќе заработи 75 милиони евра.

Причината поради која трансферот се одложува е делот околу потребните документи кои мора да се потпишат. Јувентус го делат денови од промоција на фудбалерот кој беше на мета на Барселона, ПСЖ…