Стоперот на Ајнтрахт Фракнфурт, Мартин Хинтерегер има неколку понуди од Англија да замине во Премиер-лигата. И тоа не е ништо чудно, ако се има во предвид дека автрискиот стопер имаше одлична сезона со Ајнтрахт Франкфурт, стигнувајќи до полуфиналето од Лигата на Европа.

Меѓутоа е чудно што понудите доаѓаат после серија грешки на стоперот. Најпрво не реализираше пенал во серијата против Челзи во полуфиналето од ЛЕ, а потоа си постигна спектакуларен автогол во Скопје за селекцијата на Австрија против Македонија.