Веќе стана традиција. По освојување на втората титула во Лигата на шампионите, експедицијата на Вардар, поточно онаа втора златна генерација на македонскиот тим замина на заеднички одмор.

Зборното место на „црвено-црните“ е Сплит, исто како пред две години. Тогаш вардаровото знаме беше развеано во Хвар, ракометарите минаа незаборавни денови и беа вистинска атракција.

Први кои се чекираа во хрватскиот град се Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер, се очекува да пристигнат и останатите златни момци за да може да почне забавата.