Во Хрватска ќе се гради нов спектакуларен стадион. Имено градоначалникот на градот Велика Горица, Дражен Баришиќ, кој е и претседател на хрватскиот прволигаш Горица, најави реализација на изградбата на стадион со капацитет од 35.000 места. 

Архитектското дело е на Мирсад Мустенданагиќ, кој има проект за стадион со основен дел на капацитет од 19.600 места и дополнителен капацитет за големи настани од 15.400 места. Исто така стадионот ќе има 400 места за паркирање во гаражен простор, 30 лифтови, можност за застаклување, а вкупната цена ќе биде околу 105 милиони евра.

Интересно е што како инвеститори ќе се појават Кинези, кои веќе потпишаа договор со градоначалникот на Горица.