По неколку неделни натегања на релација Каљари – Интер, италијанскиот репрезентативец Никола Бареља го напушти клубот од Сардинија и премина во миланскиот гигант. Интер за играчот за врска плати отштета од неверојатни 45.000.000 евра плус бонуси.

Барела веќе утре ќе потпише четиригодишен договор со „нероаѕурите“ за 2.500.000 евра по сезона, а по која формула се уште не е познато.

На пример „Скај Италија“ вели дека се работи за позајмица и со обврска да биде купен за 45.000.000 евра плус бонуси, додека „Газета“ тврди дека формулата е 10.000.000 евра веднаш за едногодишна позајмица плус 35.000.000 евра за откуп идното лето.

Како и да е, Интер стави крај на сагата околу овој млад фудбалер кој има 112 настапи за Каљари во изминатите пет сезони, а и осум настапи за А селекцијата на Италија.

А Интер досега ги донесе Валентин Лазаро од Херта за 22 милиони евра, потоа Матео Политано од Сасуоло за 20 милиони евра, голманот Јонут Раду и напаѓачот Еди Салседо од Џенова за 12 милиони односно 8 милиони евра, играчот од средниот ред Стефано Сенси го позајми од Сасуоло за 5 милиони евра, а Диего Годин дојде од Атлетико како слободен играч.