Игор Котевски од синоќа не е повеќе тренер на екипата на Бутел. Двете страни ја завршија соработката, а веќе од денеска бутелчани имаат нов предводник.

Станува збор за Кристијан Грчевски, кој за првпат во својата кариера ќе се исправи пред предизвик да преводи еден сениорски тим во Супер Лигата. Покрај тоа, Грчевски ќе го предводи тимот и во натпреварите во ЕХФ Купот, каде Бутел е еден од нашите преставници и меѓу носителите во 2. коло.

Младиот Грчевски работи како асистент на Данило Брестовац во македонските репрезентации и ја подготвува кадетската репрезентација за настап на престојното Светското првенство во Македонија,