Во јануари 2017 Волфзбург го донесе надежниот играч од средниот ред Ришедли Базоер од Ајакс. На 19 години дебитираше за холандскиот национален тим, па германскиот клуб побрза да го купи за да не му го грабнат другите. Го платија 12 милиони евра.

Но бргу се разочараа. Холандскиот играч беше толку лош, што од Волфзбург почнаа да си ја удираат главата поради грешката што ја направиле. Го испратија на позајмица во Порто, а таму одигра само два натпревари за Б тимот. Во јануари го испратија во Утрехт на позајмица.

Сега Волфзбург комплетно го ослободи Базоер кој се врати во татковината и потпиша тригодишен договор со Витесе. Можеби сега ќе му тргне па повторно ќе го привлече вниманието на големите.