Ништо ново во Скопје и со женската јуниорска репрезентација. Избраничките на селекторот, Жаклина Стојановска беа близу до првиот триумф на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во нашиот главен град, но ја немаа онаа дрскост, храброст…во последните и одлучувачки моменти.

Македонија во разигрувањето за конечен пласман од 17. до 24. место беше совладана од поеднакво слабата Велика Британија со 57-54  (18-9, 13-19, 14-15, 12-11). Ова беше шестти пораз на „црвено-жолтите“ на ова првенство.

Противникот тргна силно, отвори со серија од 15-3, но нашите двојки успеаја да се вратат, на полувремето намалија на 31-28, а во последната четвртина влегоа со резултат 45-43. Следеа пеколни десет минути во кои Македонија имаше и водство, но во самиот финиш Стојановска немаше храбра кошаркарка да ги постигне триумфалните поени.