Летните активности на младите кошаркарски репрезентации не почнаа најдобро. По оние пет порази во низа на јуниорките на ЕП Б Дивизија кое се одржува во Скопје, лоша вест доаѓа и од Португалија.

Нашите младинци немаа среќа на стартот на ЕП Б Дивизија, на отварњето забележаа убедлив пораз од селекцијата на Белгија од 56-95 (13-27, 12-24, 22-25, 9-19).

Македонија беше рамноправен противник само во првите пет минути. По 5-5 на другата страна Белгијците направија серија од 8-0 и поведоа со 5-13. По првата четвртина поведоа со двоцифрени 13-27, додека на полувремето беше 25-51.

Нашите момци нешто подобро одиграа по одморот, во третата четвртина беше 22-25, далеку од доволно за да избраниците на селекторот Дарко Радуловиќ фатат залет и сериозно се заканат.

Македонија утре ја чека уште една тешка задача, за противник во второто коло ја има селекцијата домаќин, Португалија.