Официјално, Антоан Гризман е дел од Барселона. Ова го објавија двата најголеми спортски медиуми во Шпанија, АС и Марка, а веднаш по нив официјална потврда на својот твитер профил објави и Барселона. Како што објавивме, адвокатот на Грзиман денеска беше во седиштето на Ла Лига и ја платил клаузулата од 120 милиони евра со која тој ќе се пресели на „Камп Ноу“.

Со тоа е ставен крај на сапуницата долга месец и пол. Најпрво Гризман беше поврзуван со Барселона, но потоа се пишуваше дека не го сакаат, па се шпекулираше со трансфер во ПСЖ. Сепак, сега е се готово, и Гризман ќе потпише петгодишен договор со каталонскиот тим, а во договорот Барса става клаузула за предвремен раскин на истиот вредна 800 милиони евра.