Барселона денеска и официјално потврди дека францускиот фудбалер е ново засилување.

Според нивните тврдења договорот е постигнат пред да падне сумата на 120 милиони евра и каталонскиот гигант треба да искешира 200 милиони евра.

„Сумата која е уплатена не е доволна за вистинската откупна клаузула. Договорот меѓу клубот и Барселона е постигнат за сума од 200 милиони евра, а не 120 милиони евра. Атлетико смета дека договорот е прекршен, гледајќи ги фактите, акциите и изјавите на фудбалерот, клубот одлучи да покрене постапка за да ги заптите интересите“, известија од таборот на Атлетико.

Главната улога ќе го има фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Атлетико ќе мора да приложи докази дека договорот со Барселона е потпишан пред први јули, датулот кога е активирана откупната клаузула од 120 милиони евра, доколку го немаат овој документ во тој случај ќе мора да ја прифатат реалноста.

Но, одредени шпански медиуми тврдат дека тимот од Мадрид има силни докази и дека Барселона ќе мора да доплати доколку сака Гризман да го има во своите редови.