Реал Мадрид наскоро може да започне преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на играч од средниот ред, Пол Погба. Главната ѕвезда во овој летен трансфер период и натаму е неизвесно дали и следната сезона ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“ или сепак ќе замине од клубот.

Шпанските медиуми објавија информација дека 26-годишниот играч лично ќе го информира раководството на англискиот клуб за неговата желба да ја продолжи својата кариера на „Сантијаго Бернабеу“.

Веднаш потоа, „кралскиот клуб“ ќе биде подготвен да го направи првиот предлог до Манчестер Ј. во износ од 125 милиони евра. Ако „ѓаволите“ ја одбијат оваа понуда, но покажуваат интерес за преговори, Реал ќе ја зголеми понудата на 130 милиони евра, плус 15 милиони евра во бонуси.