Само неколку часа откако се појавија информации дека Барселона ја платила откупната клаузула за трансфер на Антоан Гризман, од клубот се јавија со демант.

Французинот требаше да биде промовиран како ново засилување во Барселона, и тоа без присуство на публика, поради тоа што не го сакаат овој играч на „Камп Ноу“, меѓутоа очигледно е дека сагата ќе продолжи, со оглед дека од каталонскиот клуб демантираа откуп на клаузулата.

Некои информации одеа до таму дека Гризман ќе оди во Барса само поради можноста овој тим да го купи Нејмар од ПСЖ. Со тоа што францускиот репрезентативец ќе оди на позајмица во Париз (со клаузула да биде откупен идната сезона) и плус уште некои играчи за Нејмар да се врати во Барселона.