Шпанската Севиља досега реализира се што зацрта. Очигледно кам-бекот на Мончи на позицијата спортски директор ги размрда работите па андалузискиот клуб се изнакупува нови фудбалери. Поточно се што имаше на список – се си донесе.

Најновото засилување на клубот е бразилскиот дефанзивен играч за врска Фернандо Регеш кој дојде од Галатасарај за сума од 4.500.000 евра. Подолго време двата клуба ги кршеа копјата околу висината на отштетата, но Мончи успеа да ги убеди Турците да го пуштат играчот кој претходно играше и за Манчестер Сити.

Со тоа Севиља за девет играчи потроши 111.000.000 евра. Освен Фернандо пристигнаа Жил Кунде (Бордо), Лукас Окампос (Марсеј), Диего Карлос (Нант), Мунар Дабур (Салцбург), Џоан Џордан (Еибар), Лук де Јонг (ПСВ), Макс Вебер (Ајакс) и Серхио Регулион (Реал Мадрид).