На дуелот против Роберто Баутиста Агут за пласман во финалето Новак Ѓоковиќ се запиша во историјата на Вимблдон. Српскиот тенисер освен по резултатот (3-1), овој меч ќе го памети по поенот во третиот сет, кој е најдолго одигран на Вимблдон од 2005 година од кога и се води статистика.

Ѓоковиќ против Баутиста во седмиот гејм (третиот сет) размени 45 удари добивајќи го мајсторски поенот.