Манчестер Јунајтед, наводно, испратил скаути во Бразил за да ја следат ѕвездата на Гремио, Евертон, кој блесна со настапите на Копа Америка. Манчестер Ј. е заинтересиран за евертон, кој би можел да биде извонредно засилување на тимот на Солскјер за следната сезона.

Евертон го постигна првиот гол за Бразил во победата над Перу во финалето на Копа Америка во неделата, а веќе во средата имаше настап за својот клуб, Гремио.

Интересно е што на овој меч против Бахиа, на стадниот освен скаутите на Манчестер Јунајтед биле и преставници на уште неколку европски тимови кои се заинтересирани за фудбалерот. Меѓу најзагреаните се споменуваат Баерн (М), како и Милан, Арсенал, Манчестер Сити, па дури и Атлетико (М).