И покрај сите вести дека за него се интересираат најголемите европски тимови, Кристијан Ериксен од Тотенхем досега нема ниту една конкретна понуда за напуштање на клубот. Ова го сооопшти лично претседалетот на лондончани, Даниел Леви.

Англиските медиуми вчера објавија дека Леви имал контакт со генералниот директор на Реал (М), Хозе Санчез, за да му ги понуди услугите на Данецот на шпанскиот гигант.

Ериксен има договор со Тотенхем до 30 јуни 2020 година. Менаџерот на Спарс знае дека Ериксен нема намера да го обнови договорот со клубот, и стравува дека играчот ќе го напушти Тотенхем како слободен агент следната година. Оттука лондончани се надеваат дека ќе добијат најмалку 70 милиони евра од продажбата на Ериксен.