Еден од најголемите трејдови оваа деценија ќе се случи ова лето. Како што објавија проверени извори од САД, Оклахома Сити Тандер и Хјустон Рокетс се договориле да разменат две од своите најголеми ѕвезди во тимовите. Имено, Расел Вестбрук за кој долго време се шпекулираше дека сака да си оди од Оклахома ќе заврши во Тексас, додека на спротивна страна се сели исто така големата ѕвезда на тексашаните, Крис Пол.

Покрај кошаркарите во договорот меѓу двата тима има и уште неколку работи. Имено, Хјустон покрај Пол ќе добие и два заштитени пика од првата рунда на драфотот во 2024 и 2026 година, како и две замени на пикови на драфтовите во 2021 и 2025 година.

Рокетси успеаја да се решат од Крис Пол затоа што е 4 години повозрасен од Вестбрук и со тоа му овозможија на Харден, кој идниот месец ќе наполни 30 години, да има нова голема шанса да освои шампионски прстен.