Роџер Федерер се пласираше во финалето на Вимблдон, откако го совлада Рафаел Надал со 3-1 во сетови. Швајцарскиот тенисер во битката за пехарот ќе ги одмери силите со Новак Ѓоковиќ.

„Исцрпен сум и доста уморен. Можеби беше клучен првиот сет, откако Рафа успеа да израмни, ги добив најважните поени. Имаше доста долги поени и не беше лесно, но крајот успеав да победа. Беше вистинско уживање да се игра против Надал, сигурен сум дека публиката исто така уживаше.

Што се однесува до Ѓоковиќ, сите знаеме колку е тешко за да се добие Новак. Игра одлично тоа го покажа на изминатите мечеви. Од минатата година игра одличен тенис“, беше коментарот на Федерер кој ќе го игра 12-то финале на Вимблдон, а ќе има шанса да го освои деветтиот трофеј.