Во иднина пливачката федерација на Македонија ќе биде Пливачка федерација на Северна Македонија, ова е одлучено на Управниот одбор на ФИНА.

„Одделението за правни работи на ФИНА, го извести претседателот на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФМ), г-дин Александар Маленко, дека Управниот одбор на ФИНА на својата седница одржана на 10 Јули 2019 година го прифати и усвои барањето на ПФМ за промена на името, со кое новото официјално име на нашата пливачка федерација ќе биде:

Пливачка федерација на Северна Македонија – скратено: ПФСМ. Претседател: Александар Маленко.

Оваа одлука на ФИНА е конечна!

Инфомримраме и дека ПФСМ обезбеди и опрема за сите репрезентативци по потпишаниот договор за спонзорство со компанијата Флагман груп “ФИНИС“, за периодот 2019-2024.

Во меѓувреме, пливачката репрезентација на Северна Македонија е во Едирне (Турција), каде што се завршните подготовки за учество на претстојното Светско првенство во пливање“, се вели во известувањето на ПФСМ.