Додека го чекаат Матијас де Лихт, младиот бек од Ајакс да се изјасни околу понудата, Јувентус набрзина го реализира трансферот на аргентинскиот дефанзивец Критијан Ромеро вреден дури 26.000.000 евра. „Старата дама“ веднаш по реализацијата на овој трансфер на официјалниот веб-сајт ги објави и деталите на овој чуден трансфер.

Јувентус се договори со Џенова околу трансферот на Кристијан Ромеро во Торино за 26.000.000 евра, кои ќе ги исплаќа во наредните три години. Со фудбалерот е потпишан договор до 30. јуни 2024 година. Истовремено, Јувентус се договори со Џенова фудбалерот да може да настапува за неа до 30. јуни 2020 година и за тоа на клубот ќе му биде исплатен бонус во максимален износ од 5.300.000 евра“, соопштија од Јувентус.

Овој аргентински стопер пред една година пристигна во Џенова од аргентинскиот Белграно за само 1.650.000 евра. А Јувентус ќе му го отстапи играчот на клубот од „Мараси“ и ќе и плаќа за тоа. Вкупно за него ќе потроши нешто повеќе од 31.000.000 евра. Навистина чуден трансфер.