Ѕвездата на Националната фудбалска лига на САД (НФЛ)и член на Вошингтон Редскинс Џош Норман е на одмор во Шпанија, меѓутоа се потруди да си го направи забавен. Имено, спортистот, чија цена е 75 милиони долари, го ризикува здравјето и ги стресе своите работодавци кои скапо го плаќаат да игра фудбал со тоа што учествуваше на фестивалот Сан Фермин во Памплона.

За што поточно се работи. Нолан беше еден од учесниците кои бегаат од биковите по улиците на Памплона. Адреналинот му бил толку висок што се залета и го прескокна животното. Сето тоа е снимено на видео кое е хит на интернет, но сигурно тоа лошо ќе му се одрази затоа што од клубот ќе си добие казна.