22:05 – Според информациите на англиските медиуми напаѓачот на Ајнтрахт Себастијан Але е блиску до Вест Хем за сума од 40 милиони фунти.

22:00 – Мароканскиот десен бек Усама Танане му се приклучи на холандскиот Витесе од Сент Етјен. Денеска Витесе се пофали со уште еден фудбалер, Ришедли Базоер кој дојде од Волфзбург (ЗА БАЗОЕР ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ОВДЕ).

22:00 – Атлетико Мадрид од Наполи го побара албанскиот десен бек Елсад Хисај на позајмица со опција да го купи за 20 милиони евра, но не задолжително туку ако одигра половина од лигашките натпревари.

21:50 – Германскиот десен бек Џереми Толјан ја комплетира позајмицата од Борусија Дортмунд во Сасуоло вредна 3 милиони евра.

21:20 – Николо Барела е веќе во Интер. „Нероаѕурите“ го потврдија трансферот и ја завршија оваа сага околу младиот италијански фудбалер од Каљари. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

21:00 – Јувентус го комплетира трансферот на стоперот Кристијан Ромеро од Џенова, вреден дури 30.000.000 евра. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

20:30 – Бразилскиот играч за врска Ернани премина од Зенит во Парма на позајмица за 900.000 евра со право на откуп.

20:00 – Дали прочитавте за киксот кој го направи турскиот Беледије со тоа што потпиша договор со погрешен фудбалер? Тоа можете да го направите ОВДЕ

20:00 – Повратникот во шпанската елита Мајорка го донесе српскиот дефанзивец Александар Седлар кој стави потпис на договор на четири години. Тој доаѓа од редовите на полскиот шампион Пјаст Гливице како слободен играч.

19:50 – Тунискиот репрезентативец Ајмен Абденур ги смени клупските бои но и државата. Играчот на Валенсија, кој две сезони играше како позајмен во Марсеј, сега ќе игра во Турција. Како слободен играч потпиша договор со Кајзериспор.

19:30 – Фудбалерот на Спортинг Лисабон Алан Руиз доби да се пресели во турскиот Газијантеп. Овој клуб доби нов газда, се врати во најсилната турска лига и бара квалитетни играчи, но Алан Руиз би играл во Турција само за големото трио Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ.

19:20 – Волфзбург го продаде разочарувањето Ришедли Базоер на холандски Витесе.

19:00 – ОФИЦИЈАЛНО: Севиља го комплетираше трансферот на Фернандо Регеш кој дојде од Галатасарај и со тоа стигна до 111.000.000 милиони потрошени за нови играчи ова лето. ПОВЕЌЕ НА ОВОЈ ЛИНК

18:00 – Повратникот во Серија А Лече го позајми на една сезона напаѓачот на Џенова Џанлука Лападула со опција да го откупи идното лето. Џеновјаните го купија Лападула од Милан за 11 милиони евра, а тој за две сезони на „Мараси“ постигна осум голови во 38 натпревари. Џенова ќе продолжи да плаќа половина од неговата плата додека тој е позајмен и која изнесува 1,5 милиони евра по сезона. А пред него Лече донесе уште еден фудбалер од Џенова, а се работи за дефанзивецот Лука Росетини кој со новиот калчолигаш потпиша двегодишен договор.

17:30 – Седумкратниот француски шампион Лион го купи дефанзивецот на Сампдорија Јоаким Андерсен за 30 милиони евра и со тоа го урна трансферниот рекорд. ПОВЕЌЕ ОВДЕ

17:00 – Сасуоло се пофали со третиот  нов играч. Потпиша двегодишен договор со Хамед Траоре кој доаѓа од Емполи како позајмен фудбалер. Претходно „зелено-црните“ ги донесоа Марко Сала и Џереми Толјан.

15:25 – ПОТВРДЕНО: Антоан Гризман е нов фудбалер на Барселона. Целата вест ја имате ОВДЕ.

15:03Мигел Велосо од Џенова се сели во екипата на Верона. Денеска искусниот Португалец ќе ги мине лекарските прегледи, по што договорот ќе биде официјализиран.

14:34Реал (М) нема намера да попушти под притисокот на Наполи за намалување на цената на Хамес Родригез. „Кралевите“ ја поставија цената. Комплетната вест ја имате ТУКА.

14:20 – Сасуоло денеска престави уште едно ново име. Играчот за врска на Емполи, Хамед Жуниор Траоре доаѓа кај „зелено-црните“ на позајмица во период од две години.


13:59 – ОФИЦИЈАЛНО: Валенсија потпиша перманентен договор со рускиот репрезентативец Денис Черишев. Тој минатата сезона ја помина во Валенсија како позајмен од Виљареал. Денеска е потпишан договор до 2022 година со откупна клаузула во висина од 80 милиони евра.


13:52 – Првите луѓе на Тотенхем и Рома, Даниел Леви и Франко Балдини денеска се на состанок во Лондон. Се водат отворени разговори за трансферот на Тоби Алдервајерелд во редовите на италијанскиот тим.

13:41Арсенал отвори дисциплинска постапка против капитенот Лоран Косчелни кој одби да патува со тимот на предсезонската турнеја во САД во обид да направи трансфер во Рен или Бордо.

13:23 – Барела е на прегледи во КОНИ. Тоа значи дека трансферот во Интер вреден 45 милиони евра ќе биде и официјално затворен денеска. Се чека официјализација од страна на Интер.


13:08Како што најавивме уште синоќа: Адвокатот на Гризман пристигна во седиштето на Ла Лига да ја активира клаузулата за трансфер на Французинот од Атлетико (М) во Барселона. Деталите се очекуваат за некој час.


13:03Кристал Палас дава мал попуст: Арсенал може да го купи Заха за 80 милиони фунти. Тоа е последна понуда од Палас. На ред е сопственикот на „топчиите“ Стен Кронке, кој треба да одобри дополнителни средства, ако сака да го реализира трансферот.

12:37 – Она што утрово го најавивме сега е ОФИЦИЈАЛНО: Данецот Јоахим Андерсен од Сампдорија е нов фудбалер на Олимпик Лион.


12:27Вест Хем е во финална фаза на преговори за купување на напаѓачот на Ајнтрахт (Ф), Себастијан Халер. Пелегрини понудил 40 милиони фунти за фудбалерот, соопшти „Скај Спортс“.

12:23Сампдорија е се поблиску до Ригони од Зенит. Аргентинецот најверојатно ќе дојде на позајмица на 1 година, со опција за откуп на договорот за 11 милиони евра.

11:44 – Фиорентина ги започнува подготовките со 29 фудбалери, но на списокот го нема Жордан Верету. Францускиот интернационалец веројатно е веќе отпишан од Монтела, па се очекува само да комплетира трансфер во Милан или Рома кои се уште се борат за неговиот потпис.

11:29 – ОФИЦИЈАЛНО: Дефанзивецот на Џенова, Лука Розентини од денеска е нов фудбалер на Лече. Розентини потпиша договор со Лече на 2 години.

11:11 – Централниот бек на Сампдорија, Данецот Јоахим Андерсен е на чекор до трансфер во Олимпик Лион. Французите наводно веќе го договориле фудбалерот, па сега останува да се финализира договорот за отштетата меѓу двата клуба.

10:50 – ПОТВРДЕНО: Мануел Лацари и официјално е нов фудбалер на Лацио. Досегашниот фудбалер на СПАЛ се сели во Рим, а во пакет со него од СПАЛ доаѓа и Алесандро Мурџиа.


10:45 – 23-годишниот офанзивен играч за врска на парагвајскиот клуб Серо Портењо, Матиас Рохас, е најверојатното ново засилување на Бреша. Преговорите се во тек.

10:39Манчестер Сити најверојатно ќе и го продаде на Астон Вила Бразилецот Даглас Луиз. Станува збор за фудбалер кој последните две сезони ги помина на позајмица во екипата на Жирона. Трансферот се проценува на околу 15 милиони фунти.

10:37 – ДОГОВОРЕНО: Младиот јапонски играч од средниот ред, Хироки Абе, е нов фудбалер на Барселона. Неговиот актуелен клуб Кашима Антлерс утрово го потврди трансферот на 20-годишниот фудбалер, кој треба да ги мине лекарските прегледи во Шпанија денеска.

10:08Руслан Малиновски е пред трансфер во екипата на Аталанта. Италијанскиот тим ќе ги плати бараните 14 милиони евра од Генк за 26-годишниот Украинец.

10:03 – Во Интер не се сигурни дали сакаат да потрошат толку многу пари (83 милиони евра) колку што Манчестер Ј. бара за Лукаку. Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Пиеро Аусилио им пренел на првите луѓе на Манчестер Ј. дека имаат за трошење само околу 65 милиони евра за Лукаку.

09:46Клаудио Котито, првиот човек на Лацио, го информирал преставникот на Манчестер Ј. дека Србинот Милинковиќ-Савиќ може да оди на „Олд Трафорд“, но само ако „ѓаволите“ платат 100 милиони евра.

09:28 – Вчера имаше најава дека Барса денеска ќе плати клаузилата за откуп на Гризман. Но, што се случува сега, прочитајте ТУКА.

08:20Тотенхем бара купувач, но засега нема заинтресирани за Ериксен. Сите детали ги имате ОВДЕ.

08:00 -Реал Мадрид наскоро може да започне преговори со Манчестер Јунајтед за Пол Погба. Комплетната информација ја имате ТУКА.

 

СИТЕ ТРАНСФЕРИ ОД ВЧЕРА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ


„СПОРТМЕДИА“ во текот на денот во живо ќе ве информира за сите случувања на летниот фудбалски трансфер пазар. Сите најинтересни трансфери, шпекулации, актуелни преговори… Следете ги во живо токму овде!!!