Касата на Шкендија деновиве ќе биде побогата за цели 500.000 ера. Да, сепак ќе има трансфер, МОЛ Види е следниот клуб на Висар Муслиу, најдобриот фудбалер во нашата Прва лига за минатата сезона и стопер на Шкендија.

Како што велат нашите информации, Шкендија не успеала да го одбие вториот „удар“  на МОЛ Види, претседателот Висар Беџети рекол „ДА“, секако тоа истото го кажал и Муслиу. Па така веднаш по двомечот со Селтик во 2.квалифиациско коло во Лигата на Шампионите, репрезентативниот стопер ќе биде претставен во дресот на МОЛ Види, вицешампионот на Унгарија.

Исто така дознаваме дека во текот на оваа недела Муслиу ќе оди во Унгарија на прегледи, ако ги мине ќе се активира веќе готовиот договор. Според него Шкендија ќе добие 500.000 евра ако отштета а Муслиу од МОЛ Види ќе зема, неофицијално, најмалку двојно повеќе од она што го зема во Тетово. Значи се е готово, се чека на промоција.

Интересно, пред десет дена Шкендија не ја прифати првата понуда на МОЛ Види. Сега некои работи се променија. Тоа значи дека Шкендија веќе сега, ова лето заработи 1.700.000 евра. Овие 500.000 евра треба да додадат на оние 1.200.000 кои тетовци веќе ги обезбедија по пласманот во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Сепак оваа сума се очекува да биде уште поголема.