Болидите на Мерцедес ќе стартуваат од првиот ред и на трката за ГН на Британија. Попладнево на патеката Силверстоун, најдобро време во квалификациите имаше Валтери Ботас, додека веднаш зад него се најде неговиот тимски колега и актуелен светски првак, Луис Хамилтон.

Од вториот ред утре на Силверстоун ќе тргнат Чарлс Леклер на Ферари како третопласиран и Макс Верстапен на Ред Бул од четвртото место.

Вториот возач на Ред Бул, Пјер Гесли избори петто, а вториот возач на Ферари, Себастијан Фетел, шесто време.