Вардар ги договори пријателските натпревари во Словенија. Нашиот најтрофеен клуб меѓу другите клубови, ќе ги одмери силите и со светскиот вицепрвак од 2018 година Ал Аин. Ал Аин играше против Реал Мадрид во финалето, и беше поразен, и со тоа моментално е втор клуб во Светот.

Инаку на списокот на пријателски се наоѓаат Дравиња од Словенија, хрватскиот тим Горица, Ал Аин, Рогашка од Словенија, и Касимпаша од Турција.

МЕЧЕВИТЕ НА ВАРДАР ВО СЛОВЕНИЈА:

18.07 – Вардар – Дравиња (Словенија)

23.07 – Вардар – Горица (Хрватска)

27.07 – Вардар – Ал Аин (Обединетите Арапски Емирати)

30.07 – Вардар – Рогашка (Словенија)

31.07 – Вардар – Касимпаша (Турција)