Откако славеа со 3:0 над Академија Пандев, во рамките на првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛЕ, фудбалерите, стручниот штаб како целата експедиција на Зрински, останаа ден повеќе во Скопје. По се изгледа им се виде убаво.

Вчера го одработија тренингот на еден од терените на спортскиот комплекс на ФК Работнички во„ Градски парк“ во Скопје, па дури потоа попладнето летнаа за својот Мостар.

Во 2007 година токму Работнички го елиминира Зрински во квалификациите во Лигата на Европа во 2.коло. Да се надеваме дека на реваншот кој се игра во четврток, „пандевци“ ќе успеат да дојдат до далеку подобар резултат од тие 0:3 во Скопје.