Футсал тимот на Шкупи претстави двајца фудбалери за кои вели дека ќе бидат од голема помош за прелиминарната рунда на Лигата на шампионите. Се работи за Драган Петровиќ и Ферид Агуши кои доаѓаат од тимот на Приштина.

Се работи за квалитетни фудбалери во фудбал во сала, а освојуваа многу трофеи во Македонија и Косово, а играа и за македонската футсал репрезентација. Петровиќ беше дел од тимот на Шкупи кој во сезоната 2016/17 играше во претквалификациите за ЛШ, додека Агуши првпат го облекува дресот на чаирската екипа, а претходно играше за КМФ Велес.

Шкупи ќе биде домаќин на групата „Б“ и ќе игра против Локомотив Даугавпилс од Летонија, Кардиф Универзити од Велс и Енкамп од Андора. Ова ќе биде прелиминарна рунда, а потоа следува елитна рунда на квалификации.